24.11.2025 Скопје
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ги повика земјите-членки на еврозоната подобро да го комбинираат намалувањето на долгот со продуктивни инвестиции и да ги пренасочат јавните трошоци кон образование, истражување и продуктивни инвестиции, велејќи дека во спротивно Европа ризикува да се заглави во спирала на фискална стагнација.
„Нивото на јавен долг во еврозоната останува високо и треба да се намали“, рече Лагард во обраќањето на состанокот на Европската трилатерална комисија во Виена.
Според неа, главниот предизвик не е тоа што владите генерално не ги почитуваат буџетските правила, туку тоа што треба да стават поголем акцент на трошењето што го поддржува потенцијалниот раст и клучните стратешки приоритети, а во исто време да ги подобрат своите јавни финансии.
Според неа, само неколку земји од еврозоната, вклучувајќи ги Франција и Италија, ја користат можноста што ја нуди европското законодавство за продолжување на периодот на фискално прилагодување на седум години, под услов да инвестираат во структурни реформи и проекти за зголемување на продуктивноста.
Лагард предупреди дека недостатокот на инвестиции може да доведе до фискална стагнација, каде што мерките за штедење го ослабуваат растот, што бара уште поголемо фискално штедење и може да доведе до маѓепсан круг. Таа, исто така, предложи здружување на одредени стратешки трошоци на европско ниво, особено во истражувањето и развојот, за да се стимулираат иновациите, а во одбраната, за да се одвратат непријателските актери.
Подготвено од М.Д.