11.11.2025 Скопје
Европската комисија (ЕК) започна со формирање нова разузнавачка единица под претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, со цел подобрување на користењето на информациите собрани од националните шпионски агенции.
Единицата ќе биде формирана во рамките на генералниот секретаријат на Комисијата и планира да ги собере претставниците од различни делови на разузнавачката заедница на ЕУ за собирање и анализа на разузнавачки информации за заеднички цели.
Британски весник објави дека четири лица запознаени со плановите ја потврдиле информацијата.
Подготвено од М.Д.