26.11.2025 Скопје
Единствената црвена линија што ја имаме три години се нарекува Русија, изјави Макрон.
Тој оцени дека мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп во моментов се движи „во вистинска насока“, но е поприфатлив за Русија, поради што, според него, е потребно дополнително да се подобри за да стане прифатлив и за Украина и за Европа.
Ние сакаме мир, но не таков што би значел капитулација на Украина, истакна францускиот претседател. Тој додаде дека првата одбранбена линија на Украина по евентуалното склучување мир со Русија ќе биде обновувањето на украинските сили, поради што врз нив не смее да се ставаат ограничувања.
Макрон наведе дека само Украинците можат да одлучуваат за можните територијални отстапки.
Тој посочи и дека „Европејците се тие што ќе треба да решат“ како ќе се користат замрзнатите руски активи, откако Трамп предложи тие средства да се инвестираат во американски проекти за обновата на Украина.
Европејците се единствените кои имаат збор за тоа како ќе се користат замрзнатите руски активи што сега се држат во Европа, бидејќи тоа е дел од планот, рече Макрон, повикувајќи на поголема решителност пред „заканата“ од Русија, која, според него, зазема „сè поагресивна позиција“.
Подготвено од М.Д.