grip-nastinka-koronavirus-virus-covid-kovid-Copy-758x426

07.11.2025 Скопје

За 67% е зголемена бројката на заболени од грип во споредба со минатата недела, а двојно повеќе регистрирани има споредено со минатата сезона.

Според последниот извештај на ИЈЗ во периодот од 27-ми октромври до 02-ри ноември потврдени се 94 случаи на грип, а најмногу има во Гостивар и Куманово. Лекарите апелираат за стандардните препораки за заштита од грипот, а посебна заштита препорачуваат за повозрасните и лицата со хронични заболувања.

Освен ова лекарите препорачуваат и заштита со вакцината против сезонки грип. Според последните податоци над 50.000 граѓани веќе се имунизирале, а во тек е и вакцинацијата со комерцијалните вакцини.

Годинава Министерството за здравство набави 80.000 дози на вакцини. Станува збор за четиривалентна вакцина од производителот Абот од Холандија. Со бесплатната вакцинација се опфатени лицата над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во домови за стари лица како и вработените во овие установи.

Подготвено од М.Д.

About Author