27.11.2025 Скопје
Да не се губи скапоцено време – треба да се донесат уставните измени и да се спроведат реформите. Ваква порака испрати Узлем Џанел холандската амбасадорка во земјава, на дебатата за Националната конвенција за ЕУ., во Собранието. Изјави дека за Холандија – владеењето на правото е клучна точка за членство во ЕУ и не е коинциденција што токму со кластерот – Основи, стартуваат и завршуваат преговорите. Порача дека треба да биде јасно дека никој не е над законот.
Узлем Џанел амбасадорка на Холандија – Ајде да не губиме скапоцено време, времето дојде сега. За Република Северна Македонија клучниот момент е формално да се отвори пристапните преговори, како што стоеше во заклучоците наведено во Советот од 2023та. Ние ги делиме ставовите со ЕК дека уставните измени треба да се извршат. Клучно е да се започне со спроведувањето на конкретните реформи – владеење на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, но реформите во јавната администрација. Ова е конзизстентната холандиска позиција уште од самиот почеток.
И словачката амбасадоркка Хрицова повика на уставни измени и изјави дека членките одблизу го следат реформскиот процес во земјава. Порача дека државата поминува низ моменти кои не се лесни, но дека во минатото РС Македонија покажала дека има способност за заеднички решенија.
Ивета Хрицова амбасадорка на Словачка- Државите членки многу одблизу го следат процесот во сите области. Клучните области како владеење на правото , независните институции и уставните прашања кои што се поврзани со пристапниот процес, не затоа што се формални барања туку затоа што овие барање се рбетот на секоја стабилна демократија.
Уставните процеси и билатералните теми предизвикаа политички тензии, но ниту едно билатерално прашање не смее да стане пречка на патот кон ЕУ, порача собранискиот спикер Гаши. Ова е време за мотивација а не за притисок, изјави Гаши.
Африм Гаши претседател на собрание – Има такви кои ќе го насочат прстот кон пратениците, со претпоставката дека тие го блокираат европскиот пат со тоа што не гласаат за уставните измени; има други кои вината ќе ја бараат кај Владата, со претпоставка дека не го поставила потребното темпо за европските реформи.
А првиот опозиционер Филипче, порача дека последниот Извештај од Брисел е најлошиот досега и дека власта ја кочи државата.
Венко Филипче СДСМ – Ако вака продолжиме, не сум сигурен дека Европска Унија нема да не врати на скрининг. И второ , нема да биде единствен услов решавањето на билатералниот проблем со еден од соседите, повеќе, за да стартуваат преговрите со ЕУ.
РС Македонија треба да ги засили реформите за судска независност, борба против корупцијата и уставни измени. Ваква порака му испратила и еврокомесарката за проширување Марта Кос на шефот на дипломатијата на последната средба во Брисел, брифираше службено лице од Комисијата. Кос порачала и дека мора да има почитување на владеење на правото во земјата, преку заштита на судскиот интегритет и зајакнување на борбата против корупцијата во земјата.
Подготвено од М.Д.