euro

14.11.2025 Скопје

Ново истражување открива дека Холанѓаните, особено вработените во администрација и јавниот сектор, се најзадоволни од својата плата во Европа. Истражувањето на компанијата SD Worx, кое опфатило повеќе од 16.000 вработени во 16 европски земји и 15 сектори, покажува дека ставовите за правичност на платите значително се разликуваат, а постои и сериозен јаз во перцепцијата помеѓу вработените и работодавците.

Холандија — најзадоволни

Најмалку жалби за ниска плата има:

во администрација и поддршка во Холандија — само 14,5 % сметаат дека се под-платени;

во комуналните дејности (енергетика, електрика, водовод, отпад) — 17 %;

кај државните службеници — 23 %.

Од друга страна, најголемо незадоволство имаат:

здравствените работници во Словенија — 74,7 % сметаат дека се под-платени;

угостителите во Германија — 73 %;

наставниците во Шведска — 72,7 %.

Европа поделена по чувството за правичност

Околу половина од европските вработени (49 %) сметаат дека не заработуваат доволно, додека 64 % од работодавците тврдат дека им даваат „фер плата“.

Балканот — меѓу најнезадоволните

На Балканот се регистрира најголемо незадоволство:

Словенија – 60 % од работниците сметаат дека се под-платени;

Србија – 59 %;

Хрватска – 58 %.

Работниците во Белгија и Холандија се меѓу најзадоволните (над 60 % веруваат дека се адекватно платени), потоа следуваат Романија (58 %) и Велика Британија (57 %).

По сектори

Најголемо незадоволство: здравство (56,5 %), образование (54 %), производство (51 %).

Најмало незадоволство: финансии, градежништво и административни услуги — под 45 %.

Родова разлика

Жените почесто од мажите сметаат дека се потплатени (51,5 % наспроти 47 %). Најголема разлика меѓу половите се забележува во:

Финска – 14 поени,

Норвешка – 12,4 поени,

Хрватска – 11 поени,

Франција – 8,8 поени.

Bonitet.com

Во Германија, иако мажите и жените пријавуваат скоро иста удовлетвореност, земјата има четврти најголем родови јаз во плати во Европа (17,6 %).

Работодавците велат…

Иако разликите се очигледни, мнозинството европски работодавци не го сметаат родовиот јаз за приоритет. Во Финска само една четврта од компаниите го признаваат како проблем — европскиот просек е само 35 %.

Како заклучок

„Холандија и Белгија остануваат симболи на стабилност и фер плати во Европа, додека Балканот останува меѓу регионите со најголемо чувство на потплатеност. Но еден факт е јасен — перцепцијата и реалноста за платите често не се поклопуваат, а јазот меѓу вработени и работодавци покажува дека Европа и натаму бара рамнотежа меѓу задоволството, правичноста и вистинската вредност на трудот.“

Подготвено од М.Д.

About Author