29.11.2025 Скопје
Шпанија го откри својот прв случај на африканска свинска чума од 1994 година, откако вирусот беше откриен кај две мртви диви свињи во близина на Барселона, соопшти Министерството за земјоделство во петок.
Министерството ја извести Европската Унија и активираше итни мерки во погодената област, додека истрагата за потеклото на инфекцијата продолжува.
Вирусот, кој е безопасен за луѓето, но смртоносен за свињите, се шири низ Западна Европа во последните години.
Болеста нанесе тежок удар на германската индустрија за свињи и доведе до забрана за извоз во прекуокеанските земји.
Хрватска, исто така, се бореше во последните месеци да го спречи ширењето на болеста низ свињарските фарми.
Подготвено од М.Д.