02.10.2025 Скопје
Потрошувачките цени во Хрватска беа за 4,2 проценти повисоки во септември во споредба со истиот месец минатата година, објави во среда Централниот завод за статистика, што повторно ја забрза инфлацијата на годишна основа, додека податоците на Евростат покажуваат дека инфлацијата во Хрватска била меѓу највисоките во еврозоната во деветтиот месец.
Хрватската статистика ја објави првата проценка на индексот на потрошувачки цени, според која стапката на инфлација во септември 2025 година изнесувала 4,2 проценти во споредба со септември 2024 година, додека во споредба со претходниот месец, односно август оваа година, цените се зголемиле за 0,4 проценти.
Откако беше четири проценти во јануари, 3,7 проценти во февруари и 3,2 проценти во март и април, инфлацијата во Хрватска почна да го забрзува својот раст на годишна основа, достигнувајќи 3,5 проценти во мај, 3,7 проценти во јуни и 4,1 процент во јули. Во август, исто така, изнесуваше 4,1 процент, што го прекина тримесечниот тренд на забрзување на инфлацијата на годишна основа, но во септември повторно порасна малку побрзо.
Според главните компоненти на индексот, проценетата годишна стапка на инфлација за услугите е шест проценти, за групата во која храната, пијалоците и тутунот се 5,6 проценти, енергијата за 4,5 проценти, а за индустриските непрехранбени производи без енергија за 0,5 проценти, се вели во соопштението на хрватската статистика.
Подготвено од М.Д.