xejvj6s0cl4gagdmcehr

28.10.2025 Скопје

За истото работно место, со истите обврски и работно време, жените добиваат од 12 до 28 % пониска плата отколку нивните колеги – мажи, а дури и да побараат покачување на платата, помалку веројатно е дека ќе го добијат отколку мажите.

Со вакво темпо, ни во наредните половина век нема да достигнеме рамноправност помеѓу двата пола на работните места во државава, потенцираат експертите на денешната дискусија за родова еднаквост во Стопанската комора.

Податоците покажуваат дека со родово-рамноправно раководство во компаниите, економскиот раст и ефикасност се поголеми, посочуваат од Европската инвестициска банка. Во РС Македонија пак, само една од пет жени се на раководни позиции во котирачките компании а во Владата има само три жени министерки.

Сепак, како земја кандидат за ЕУ, РС Македонија ќе мора да се потруди повеќе за да создаде исти можности за жените и мажите бидејќи и тоа е дел од пристапните преговори, подвлече претставникот на ЕИБ во РС Македонија.

Затворање на родовиот јаз на работните места би го зголемиле БДП-то на ЕУ за 10% во рок од 5 години, велат експерите. Европската унија донесе и нова директива за жените во управни одбори, преку која се залага да ја промени структурата на котирачките компании до јуни наредната година каде 40% од управните директори би биле жени.

Подготвено од М.Д.

About Author