radijator-768x403

02.10.2025 Скопје

Почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје, кој го управува ЕСМ.

Иако официјалниот почеток е закажан за 15 октомври, поради најавените ниски температури во наредниот период сезоната може да почне и порано. Услов за тоа е надворешна просечна температура за наредниот ден да е 12 степени или помалку.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, за денеска е прогнозиранa средна температура од 10 степени, што ги исполнува условите за почеток на грејната сезона.

До официјалниот почеток на сезоната, односно до 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување ќе се објавува дневна информација дали се исполнети условите за греење за наредниот ден. Ова ќе им овозможи на граѓаните да бидат навремено информирани за стартот на испораката на топлина.

Подготвено од М.Д.

About Author