16.10.2025 Скопје
„Целосно стоиме зад Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена“.
Вака напиша на социјалната мрежа Икс претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски.
Во меѓувреме, како што напиша претседателката на Европската комисија, ЕУ продолжува со приближувањето на земјава кон Брисел преку Планот за раст.
Таа уште еднаш ја потврди најавата дека во Скопје се отвора фабрика за вештачка интелигенција, дека Македонија се вклучува во Единствената платежна зона на Европа, како и дека РС Македонија од ЕУ добива 16 милиони евра, благодарение на направените реформи.
„Во меѓувреме, ја приближуваме вашата земја до нас. За тоа се работи во Планот за раст! Отвораме антена за фабрика за вештачка интелигенција во Скопје. Ве вклучуваме во Единствената платежна зона на Европа. И исплаќаме 16 милиони евра благодарение на реформите што ги направивте“.
Подготвено од М.Д.