kina-sad

16.10.2025 Скопје

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, ја отвори можноста за продолжување на паузата на увозните давачки за кинеските производи на период подолг од три месеци, доколку Кина го стопира својот план за воведување строги нови ограничувања на извозот на ретки метали.

САД и Кина од почетокот на годинава имаат договорено серија тримесечни примирја, а следниот рок истекува во ноември.

„Можно е да одиме кон подолг рок, доколку Кина се откаже од планот за ограничување на извозот? Можеби. Но сето тоа ќе се договара во наредните недели“, изјави Бесент на прес-конференција во Вашингтон.

По неколку месеци релативна стабилност во односите меѓу САД и Кина, тензиите повторно се зголемија во последните недели, откако Вашингтон го прошири опсегот на технолошките ограничувања и предложи давачки за кинески бродови што влегуваат во американски пристаништа. Кина реагираше со реципрочни мерки и најави построги контроли на извозот на ретки метали и други стратешки материјали.

Економистите ги толкуваат најновите потези на двете страни како обид да си обезбедат преговарачка предност пред очекуваната средба на лидерите што треба да се одржи овој месец, во рамките на самитот на АПЕК во Јужна Кореја.

Подготвено од М.Д.

About Author