10.10.2025 Скопје
Стапуваат во сила нови, задолжителни правила за верификација на примачот за сите банкарски трансфери во евра низ Европската Унија.
Ќе се воведе нов систем за плаќање во ЕУ – еден погрешен чекор и дефинитвно ги губите парите
Механизмот, познат како Верификација на примачот (VoP), е дизајниран драстично да го намали ризикот од измама и неточни плаќања.
VoP сега се однесува на сите кредитни трансфери во евра во ЕУ, а не само на моменталните плаќања. Пред плаќачот да ја одобри трансакцијата, системот автоматски проверува дали внесеното име на примачот се совпаѓа со името на сопственикот на IBAN-от евидентиран од банката.
Системот работи преку таканаречена „проверка на семафор“, која дава јасен сигнал:
Зелен сигнал: Совршено совпаѓање.
Жолт сигнал: Тесно совпаѓање (на пр. печатна грешка или прекар). Системот го нуди точното име на сопственикот.
Црвен сигнал: Нема совпаѓање – силно предупредување за грешка или измама.
Одговорност на банките и корисниците
Новата регулатива ја менува распределбата на одговорноста. Доколку банката не понуди VoP верификација и парите ќе завршат на погрешна сметка, банката на плаќачот ќе биде должна да го врати износот. Меѓутоа, доколку корисникот добие црвено или жолто предупредување и свесно продолжи да плаќа, одговорноста за загубата е исклучиво негова.
Услугата е целосно бесплатна. Сепак, корисниците мора да бидат подготвени за период на прилагодување; клучно е да ги ажурираат своите шаблони за плаќање и да користат точни и целосни имиња на примателите за да избегнат жолти предупредувања.
Обврската е воведена со Регулативата (ЕУ) 2024/886 за моментални плаќања, која од денес исто така бара од сите банки да овозможат испраќање и примање на SEPA моментални трансфери (пренос на средства за максимум 10 секунди).
Подготвено од М.Д.