YuEZkD26KBirnNSi6WizmyMYE-jGnxGXxA_1f3Xm2E8

01.10.2025 Скопје

Младите семејства ќе се стимулираат да градат свои куќи преку намалување или ослободување од плаќање на комуналии за градежното земјиште во помалку урбанизираните делови на општините, најави министерот за транспорт Александар Николовски.

Од Владата се надеваат дека оваа мерка ќе помогне при справување со демографската рецесија со која се соочува РС Македонија.

Според информациите кои ги сподели премиерот Христијан Мицкоски, наталитетот во РС Македонија е во алармантен пад веќе 75 години. Во 1950 бројот на новородени деца бил 50 000 а лани, во 2024та, имало само 16 000. Затоа, формирањето многудетно семејство е највисокиот патриотски чин а секој што не мисли така всушност не и мисли добро на државата, вели премиерот Мицкоски.

Сепак, министерот Николовски вели дека драстично намалениот наталитет во државата повеќе се должи на животниот стил на граѓаните отколку на економската состојба во која се наоѓа државава. Според статистичките податоци, РС Македонија е земја во длабока демографска старост и со една од најголемите стапки на иселување во Европа – за само четири години си заминале над 33 илјади граѓани а стапката на наталитет падна на 8,8 проценти.

Подготвено од М.Д.

About Author