27.10.2025 Скопје
Пентагон прифати анонимна донација од 130 милиони долари за исплата на припадниците на американската армија додека владата е во блокада, Доналд Трамп откри дека пријател му ја понудил оваа донација.
Иако станува збор за голема донација, износот покрива само мал дел од средствата потребни за исплата на воените плати. Администрацијата минатата недела издвојуваше 6,5 милијарди долари за таа намена, а следната исплата треба да се случи во наредните денови.
„Тоа е патриот,“ рече Трамп во четвртокот на настан во Белата куќа, без да го открие идентитетот на донаторот,
Пентагон потврди дека донацијата е прифатена „во согласност со општите овластувања за прифаќање донации“, и дека средствата се наменети исклучиво за покривање на трошоците за плати и бенефиции на воените лица.
„Благодарни сме за помошта од овој донатор, откако демократите одлучија да ја ускратат платата на војниците,“ изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, обвинувајќи го Конгресот за застојот.
Владата на САД е во 24-тиот ден од блокадата, една од најдолгите во историјата на САД, поради поради несогласувања меѓу пратениците околу новиот буџет.
Според правилата на Пентагон, секој подарок поголем од 10.000 долари мора претходно да биде разгледан од етички службеник, кој треба да утврди дали донаторот има каква било поврзаност со договори, судски спорови или други активности со Министерството за одбрана.
Подготвено од М.Д.