991-ratio-ozonovata-dupka

27.10.2025 Скопје

Озонската дупка во 2024 година била помала отколку во периодот од 2020 до 2023 година, објави Светската метеоролошка организација (СМО). Таа била и помала од просечната во периодот од 1990 до 2020 година, според новите податоци на СМО, објавени на Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка. Тоа е делумно поради природните атмосферски феномени што доведуваат до годишни флуктуации, објасни СМО.

Но клучен фактор е намалувањето на употребата на супстанции што ја разоруваат, произведени од човекот во последната деценија. Претходно тие се користеле во фрижидери, клима-уреди, пена за гаснење пожар и спрејови за коса. Во 1985 година е усвоена Виенската конвенција за заштита на озонската обвивка, а по неа и Монтреалскиот протокол. Според СМО, тие одредби оттогаш довеле до постапно намалување на употребата на повеќе од 99 проценти од регулираните супстанции што се разорувачки.

Поради тоа се очекува дека озонската обвивка ќе се обнови и ќе се врати на нивоата од 1980-тите години до средината на векот – истакнува СМО.

Анализата од 2022 година покажа дека целосно обновување на обвивката над Арктикот би можело да се постигне до 2045 година, а над Антарктикот до 2066 година.

Пред 40 години нациите се собраа за да го преземат првиот чекор во заштитата на озонската обвивка, водени од науката, а обединети во акција. Венециската конвенција и Монтреалскиот протокол станаа решавачка точка на мултилатералниот успех. Озонската обвивка денес се обновува. Тој успех нè потсетува дека напредокот е можен кога нациите ги слушаат предупредувањата на науката – рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Подготвено од М.Д.

About Author