01.10.2025 Скопје
Луѓето кои се обидуваат да јадат здраво, како и оние со преддијабетес, често избегнуваат не само слатки нешта, туку и овошје со висока содржина на шеќер.
Но нова студија од Универзитетот Џорџ Мејсон покажува дека и покрај содржината на 32 грама природни шеќери во овошје, мангото може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта и да ги намали телесните масти.
Во 6-месечна клиничка студија, учесниците со предијабетес биле поделени во две групи: едната група консумирала свежо манго дневно, а другата примала протеински блок со ниско ниво на шеќер.
Мангото не е само шеќер
Резултатите се јасни: групата која консумирала манго имала подобра гликемична контрола, подобрена чувствителност на инсулин и намалени телесни масти.
Нашето истражување покажува дека овошјето со висока содржина на шеќер се покажува поздраво од “здрав” појадок со ниско ниво на шеќер.
Според д-р Раеде Басири, клинички нутриционист и водечки истражувач, не е важна само количината на шеќер, туку и видот на храната. Шеќерите во мангото се природни и придружени со влакна, витамини и антиоксиданти – нешто што недостасува во многу преработени храни, дури и кога се со малку шеќер.
Секое овошје е поздраво од преработената храна
“Целта е да се охрабрат луѓето да вклучат цели овошја како манго во нивната исхрана”, изјави д-р Басири.
Нејзиниот совет е да не се фокусирате на шеќерот на етикетата, туку едноставно да изберете природна, непреработена храна богата со хранливи материи. Овошјето не треба да се исклучува, дури и ако имаат повисока содржина на шеќер.
Подготвено од М.Д.