https://www.facebook.com/unitednationsecretarygeneral.un/photos/p.129026416328317/129026416328317

31.10.2025 Скопје

Нуклеарните тестови никогаш не треба да бидат дозволени под никакви околности, изјави денеска портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Ставот на Светската организација доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ги обноват тестирањата на нови нуклеарни оружја.

Генералниот секретар постојано изјавуваше дека сегашните нуклеарни ризици се веќе загрижувачки високи. Треба да се избегнува секое дејство што може да доведе до погрешна проценка или ескалација со катастрофални последици, нагласи портпаролот.

Не смееме да го заборавиме катастрофалното наследство од повеќе од 2.000 нуклеарни тестови спроведени во изминатите 80 години. Нуклеарните тестови никогаш не треба да бидат дозволени под никакви околности, додаде портпаролот на Гутереш.

Подготвено од М.Д.

About Author