31.10.2025 Скопје
Санкционираниот руски производител на нафта „Лукоил“ ја прифати понудата од трговецот со енергија „Гунвор груп“ (Gunvor Group) за купување на неговата меѓународна единица „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, се вели во соопштението на компанијата.
„Лукоил“ претходно објави планови за продажба на своите меѓународни операции откако беше погоден од санкциите на САД минатата недела. „Гунвор“ даде понуда за „Лукоил Интернешнл“, која компанијата ја прифати и се обврза да не преговара со други потенцијални купувачи, соопшти „Лукоил“.
Договорот е предмет на одобрение од американската влада.
„Лукоил“ има најголеми меѓународни операции меѓу сите руски нафтени гиганти, со бизниси во поранешните советски земји како што се Казахстан, Узбекистан и Азербејџан, како и во Египет, Обединетите Арапски Емирати и западноафриканските земји Гана, Нигерија, Камерун и Конго.
Подготвено од М.Д.