eu-union-1024x683

04.10.2025 Скопје

Годишниот извештај на Европската комисија за земјите кандидати за членство во Европската унија за 2025 година веројатно ќе биде презентиран на почетокот на ноември, објавија повеќе медиуми, повикувајќи се на извори од администрацијата во Брисел.

„Планирано е за почетокот на ноември, но засега тоа е само приближно време“, изјавија од ЕК за подгоричкиот весник на прашањето кога ќе биде презентиран новиот извештај за Црна Гора и другите земји кандидати. Во тој документ, Европската комисија го оценува напредокот на секоја земја кандидат во исполнувањето на критериумите за членство, особено во областите на владеење на правото, демократија, институции, јавна администрација, економија и усогласување со законодавството на ЕУ.

Извештајот дава препораки што државата треба да ги исполни во наредните години, посочува слабости и области што бараат поголем ангажман.

Подготвено од М.Д.

About Author