24.10.2025 Скопје
Израел ќе ја изгуби поддршката од САД ако го анектира Западен Брег, предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во интервју.
Тоа нема да се случи, бидејќи им ветив на арапските држави, како дел од преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа – изјави Трамп во интервјуто направено на 15 октомври, а објавено денеска.
Претходно, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, денеска откако израелскиот Парламент усвои два закона насочени кон проширување на израелскиот суверенитет над Западниот Брег, изјави дека Израел нема да го анектира Западен Брег.
Ако ова беше политички потег, тоа беше многу глупав политички потег и јас лично го сфаќам како навреда. Политиката на администрацијата на претседателот Трамп е дека Западниот Брег нема да биде анектиран од Израел, тоа ќе продолжи да биде нашата политика – рече Венс на крајот од неговата посета на Израел.
Тој истакна дека е оптимист за прекинот на огнот во Појасот Газа.
Во Израел допатува американскиот државен секретар Марко Рубио, при што е предвидено тој да има средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Подготвено од М.Д.