29.10.2025 Скопје
Со години се прашуваме што ќе се случи кога вештачката интелигенција ќе влезе во нашите работни процеси. Излегува дека тоа беше само загревање.
Вистинското прашање е: што се случува кога вештачката интелигенција ќе влезе во нашите групни разговори? Со најавената апликација на „ОпенАИ“ за видео, наречена Сора, пред нас се отвора нова категорија – социјални платформи што не се создадени само за споделување и подобрување на човечкиот израз туку и за негово генерирање.
Веќе сме преплавени со видеа направени со вештачка интелигенција – од зајаци на трамбулини до кенгури во авиони. Во морето синтетичка содржина, „Мета“ и „ОпенАИ“ сега одат чекор понатаму: наместо да го покриваат вештачкото, тие сакаат да го постават во центар. На прв поглед тоа изгледа парадоксално – во свет што сè повеќе ја бара автентичноста, свесно ги отвораме вратите за алгоритамски шум. А сепак, можеби тоа има смисла.
Подготвено од М.Д.