28.10.2025 Скопје
Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија има намера да ги надгради своите вооружени сили во „најсилната конвенционална армија во Европа“, ветувајќи дека за тоа ќе бидат обезбедени „сите потребни финансиски ресурси“.
Во документот од 39 страници се наведува дека 377 милијарди евра ќе бидат издвоени за купување оружје за копнените, воздушните, морските, вселенските и кибер силите на германската армија, објавува бриселски портал.
Документот потврдува дека реформата и опремувањето на германската армија ќе бидат „цврсто засновани на домашната индустрија“.
Германските компании доминираат на идентификуваните тендери со околу 160 проекти во вредност од околу 182 милијарди евра.
Подготвено од М.Д.