09.10.2025 Скопје
Германскиот парламент ја откажа брзата програма за државјанство, според која беше можно „исклучително добро интегрирани лица“ да добијат државјанство за три години наместо за пет.
„Германскиот пасош мора да дојде како признание за успешен процес на интеграција, а не како поттик за нелегална имиграција“, изјави министерот за внатрешни работи Александар Добринт пред парламентот во среда.
Конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц ветија во овогодинешната изборна кампања дека ќе го поништат законот.
Остатокот од новиот закон за државјанство ќе остане недопрен и покрај претходните ветувања на конзервативците за откажување на иновациите како што е двојното државјанство и скратување на периодот на чекање од осум години на пет.
Од рекордните 300.000 натурализации во 2024 година, само неколку стотици поминаа низ брзата постапка, првично планирана како поттик за висококвалификувани работници да се населат во Германија, која се соочува со акутен недостиг на работна сила.
Кандидатите мора да покажат достигнувања како што се многу добар германски јазик, волонтерска работа или професионален или академски успех.
Подготвено од М.Д.