02.10.2025 Скопје
Министрите за финансии на Г7 денес соопштија дека ќе иницираат координирани акции за да го интензивираат притисокот врз Русија.
Насочени ќе бидат субјектите кои континуирано ги зголемуваат набавките на руска нафта, како и оние кои помагаат во избегнувањето на примената на санкциите воведени кон Русија.
Министрите за финансии на Г7, исто така, истакнаа дека се согласни за значењето на трговските мерки, кои ги вклучуваат давачките и забраните за увоз и извоз, во напорите за редуцирање на руските приходи поради инвазијата на Украина.
Заедничката декларација на министрите за финансии на Г7 беше објавена по електронската средба.
Подготвено од М.Д.