istock-dolar-euro

20.10.2025 Скопје

На глобалните пазари, доларот минатата недела малку падна во однос на кошничката валути, како резултат на трговската војна меѓу САД и Кина, како и очекувањата дека американскиот Фед ќе продолжи да ги намалува каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, минатата недела падна за 0,3 проценти, на 98,54 поени.

Во исто време, доларот ослабе за 0,3 проценти во однос на европската валута, така што курсот на еврото достигна 1,1655 долари.

Американската валута ослабе и во однос на јапонскиот јен, за 0,4 проценти, така што цената на доларот се лизна на 150,60 јени.

Доларот е под притисок од пред десет дена, кога американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе 100 проценти царини за Кина од 1 ноември, како и други мерки, откако Кина го ограничи извозот на ретки минерали.

Кина најави контрамерки доколку Трамп ги спроведе своите најави, но во последните денови Трамп ја ублажува својата реторика.

Доларот, исто така, ослабе поради знаци на проблеми во регионалните банки во САД.

Дополнително, се очекува дека, по намалувањето во септември, американската централна банка ќе ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени уште двапати до крајот на годината, бидејќи американскиот пазар на труд не е во најдобра состојба.

На овој начин, разликата помеѓу каматните стапки во САД и еврозоната ќе се намали, со оглед на тоа што во изминатата година Европската централна банка ги намали каматните стапки поостро од ФЕД.

Еврото се стабилизираше и минатата недела поради делумно ублажување на политичката криза во Франција, по неодамнешната неочекувана оставка на владата.

Подготвено од М.Д.

About Author