24.10.2025 Скопје
Еврото изгуби повеќе од 80 проценти од својата вредност мерена во злато од неговото воведување во 1999 година, изјави Бернхард Матес, менаџерoт на Bank für Kirche und Caritas eG.
Според него, ова е последица на мерките преземени од централните банки кои спроведуваат екстремно лабава монетарна политика, па парите вредат помалку, а еврото е најизложено.
На 4 јануари 1999 година, за едно евро можеше да се добијат 128 милиграми злато, а денес само 23 милиграми. Сличен е примерот во однос на доларот, додека швајцарскиот франк изгуби две третини од својата вредност.
Интересна е и споредбата со некои производи. Во 1906 година, кригла пиво на Октоберфест чинела 0,38 марки или 0,14 грама злато, а на овогодинешниот фестивал на пивото во Минхен, за пиво морало да се издвојат 11,50 евра, или 0,26 грама злато, што е речиси двојно повеќе од пред 113 години.
Подготвено од М.Д.