31.10.2025 Скопје
Европската Унија воведува нов систем на квоти за интеграција на странска работна сила, со што државите членки ќе имаат ограничен број дозволи за вработување на странци. Од квотите и од новата регулатива за ангажирање на странска работна сила ќе зависи колкав ќе биде бројот на Македонци кои ќе одат на сезонска работа во Хрватска. Инаку, во моментов проблем е да се добие и работна дозвола за Германија бидејќи земјата се соочува со сериозен пад на економијата и со затворање компании.
Во моментов нема нови побарувања за ангажирање на работна сила во Германија, а од наредната сезона ќе биде проблем и за добивање на работни визи за сезонска работа во Хрватска. Европската Унија воведува нов систем на квоти за интеграција на странска работна сила, со што државите членки ќе имаат ограничен број дозволи за вработување на странци. Инаку, секоја година меѓу 15 и 25 илјади Македонци заминуваат сезонски на работа во Хрватска, Грција, Бугарија, Германија и во други земји.
До крајот на ноември, секоја земја членка на Европската Унија, како што е Хрватска, ќе треба да ја усогласи својата квота со европските правила. Тоа значи дека веќе нема да можат самостојно да одлучуваат колку странски работници ќе примат. Новите европски правила имаат цел да спречат злоупотреби – случаи кога сезонски работници по завршување на ангажманот мигрираат во други земји на ЕУ, што станува сè почеста појава.
Подготвено од М.Д.