mickoski-kosta

24.10.2025 Скопје

Самитот за проширување на ЕУ организиран од „Еуроњуз“ ќе ги собере претседателката на Молдавија, Маја Санду, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Албанија, Црна Гора и Република Северна Македонија, заедно со европската комесарка за проширување, Марта Кос.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, објави дека ќе се придружи на Самитот на 4 ноември, заедно со лидерите на земјите-пристапнички на уникатен европски политички настан во Брисел.

Самитот, за прв пат, ќе ги собере лидерите на ЕУ и на земјите-пристапнички во уникатен дијалог за процесот на проширување на Европа кон Исток, во клучен момент за Европската Унија и земјите-кандидатки, од Украина и Молдавија до Западен Балкан.

Претседателот Коста ќе одржи воведен говор пред лидерите учесници и пред цела ЕУ истиот ден кога Европската комисија ќе ја претстави својата стратегија за проширување на ЕУ и годишната оценка на напорите што ги прават земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија на нивните индивидуални патишта кон пристапување во ЕУ.

Самитот конкретно ќе ги истражи перспективите и предизвиците за Западен Балкан и Источна Европа од една страна и за Европската Унија од друга страна, анализирајќи ги заедничките придобивки за демократијата, економијата и стратешката автономија на Европа.

Подготвено од М.Д.

About Author