07.10.2025 Скопје
Денеска, во 11.45 часот, се очекува Нобеловото собрание во Институтот Каролинска во Стокхолм да објави кој ќе ја добие престижната награда за физика.
Пред официјалното прогласување од Нобеловиот комитет најавија и видео со целосно објаснување на откритијата во полето ан физиката, на годинешните лауреати, кои ќе можат да го користат наставниците низ целиот све, со цел поблиску да им ги објаснат физичките законистости. Видеото ќе биде објавено на 15 октовмри.
Во пресрет на објавувањето на добитникот или добитниците на Нобеловата награда за физика, од Институтот потсетуваат на мислата на Алберт Ајнштајн, во која вели: „Врховна задача на физичарот е да дојде до тие универзални елементарни закони од кои космосот може да се изгради со чиста дедукција.“ – Алберт Ајнштајн, добитник на Нобелова награда за физика во 1921 година.
Нобеловата награда за физика се доделува од 1921 година. Досега ја добиле 118 научници, а најмладиот има само 25 години, а тоа е Вилијам Лоренс Браг, кој помагал во работата на неговиот татко, а наградата ја добиле „за нивните услуги во анализата на кристалната структура со помош на рендгенски зраци“.
Најстариот лауреат по физика е Артур Ашкин, кој Нобеловата награда ја добил на возраст од 96 години, „за оптичките пинцети и нивната примена во биолошките системи“.
Подготвено од М.Д.