08.10.2025 Скопје
Данската премиерка Мете Фредериксен денес објави дека владата планира да ја забрани употребата на социјалните медиуми за деца под 15 години, предупредувајќи дека „мобилните телефони и социјалните медиуми го крадат детството“.
Фредериксен во говорот пред парламентот рече дека сака построги закони за заштита на децата, но не даде конкретни детали за предложената забрана.
Граѓанската иницијатива 2024 веќе собра 50.000 потписи за забрана на платформи како што се „ТикТок“ „Снепчет“ и „Инстаграм“.
Данскaта премиерка додаде дека родителите можат да дадат согласност за сметки за деца над 13 години, а данската влада исто така бара од ЕУ да воведе задолжителна проверка на возраста за корисниците на интернет.
Подготвено од М.Д.