KLINICKI CENTAR 3

28.10.2025 Скопје

По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиниката за неврологија, денес организира отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар, под мотото „Мозочниот удар се лекува“.

„Во рамките на настанот, на 28 октомври 2025 година (вторник), ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, во просториите на Клиниката за неврологија, информираа од Министерството за здравство.

Со овој настан, Клиниката испраќа порака за важноста на редовните прегледи и контролата на ризик факторите кои можат да доведат до мозочен удар, како што се покачен крвен притисок, шеќер во крвта, зголемени масти, пушење и седечки начин на живот.

„Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да го посетат овој настан, да се информираат и да ја проверат својата состојба, бидејќи раното откривање е клучно за превенција и спасување на животот, порачаа од МЗ.

Подготвено од М.Д.

About Author