12.09.2025 Скопје
Мапата на Евростат ја прикажува стапката на сиромаштија во 2024 година, односно процентот на лица изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост во Европа.
Северна и Централна Европа имаат најнизок ризик од сиромаштија. Чешка има најниска стапка од 11,3 отсто, а потоа следуваат Словенија (14,4 отсто) и Холандија (15,4 отсто). Овие земји комбинираат повисоки просечни плати со обемни социјални програми кои ги ублажуваат ударите врз приходите.
Скандинавските земји се приближуваат до просекот на ЕУ: Финска (16,8 отсто), Шведска (17,5 отсто) и Данска (18 отсто).
Германија (21,1 отсто) е малку над просекот на ЕУ (21 отсто), што ја покажува разликата меѓу индустриските југозападни региони и пониско платените источни покраини. Ова е одраз на поделбите кои сè уште влијаат врз животниот стандард. Романија има над 27 отсто сиромашни.
Подготвено од М.Д.