10.09.2025 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ оствари средба со прочуениот холивудски актер и нов бренд амбасадор на ЕКСПО 2027, Џеки Чен. Тој подвлече дека претставува огромна привилегија што оваа светски позната филмска ѕвезда, истовремено и еден од најзначајните светски културни претставници, ќе го застапува ЕКСПО во Србија со својата харизма и енергија.
Во соопштение на Инстаграм, Вучиќ изрази уверување дека Џеки Чен, во својство на промотор на ЕКСПО 2027, ќе пружи значајна поткрепа во претставувањето на манифестацијата што ќе ја стави нашата држава во срцето на глобалните случувања и ќе го приближи духот на заедништвото кој ЕКСПО го негува во Србија до остатокот од светот.
„Белград одамна стана нов дом за многу светски ѕвезди, а овој пат имаме посебно задоволство да бидеме домаќини на познатиот Џеки Чен, човек чија кинематографска уметност продолжува да ги инспирира сите генерации“, додаде претседателот Вучиќ.
Подготвено од М.Д.