donald-tramp-si-djinping-1200x630

16.09.2025 Скопје

„Големиот трговски состанок во Европа меѓу Соединетите Американски Држави и Кина помина многу добро! Наскоро ќе заврши. Постигнат е договор и за „одредена“ компанија што младите луѓе во нашата земја многу сакаат да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни! Ќе разговарам со претседателот Си (Џинпинг) во петок. Односот останува многу силен!!!“

Вака напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Дали алудираше на договор за статусот на кинеската социјална мрежа Тик-Ток во САД?

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави дека во трговските преговори со Кинезите во Мадрид е постигната рамка за договор за оваа апликација, што ќе го отвори патот за нејзино пренесување во американска сопственост.

Бесент додаде дека дополнителни детали ќе бидат утврдени в петок, на состанокот меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Подготвено од М.Д.

About Author