_tramp

11.09.2025 Скопје

Трамп истакна дека „премногу невини луѓе се повредени од радикално левичарско политичко насилство“.

Во видео порака објавена на Truth Social, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е „полн со тага и гнев поради гнасниот атентат врз Чарли Кирк“.

„Чарли инспирираше милиони и вечерва сите што го познаваа и го сакаа се обединети во шок и ужас. Чарли беше патриот кој го посвети својот живот на каузата за отворена дебата и на земјата што ја сакаше толку многу, Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.

„Тој е модел на вистината и слободата, и никогаш немало некој што е попочитуван од младите луѓе. Чарли беше исто така човек со длабока, длабока вера. И се утешуваме знаејќи дека тој сега е во мир со Бога на небото“, рече Трамп, додавајќи дека го замолил Бога да ги чува сопругата и децата на Кирк во овој ужасен час на болка и страдање. Ова е мрачен момент за Америка“, додаде тој.

Тој најави дека неговата администрација ќе „ги пронајде сите оние кои придонеле за ова злосторство и друго политичко насилство“.

Трамп истакна дека „радикалното левичарско политичко насилство повредило премногу невини луѓе“.

Тој го спомена обидот за атентат врз него и убиството на Брајан Томпсон, извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“, минатата година.

Подготвено од М.Д.

About Author