_tramp

13.09.2025 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото трпение со рускиот претседател Владимир Путин „истекува“ и најави нови остри економски мерки против Москва поради застојот во мировните преговори со Украина.

Некако ми снемува трпение, и тоа со забрзано темпо. Ќе има тешки удари преку санкции кон банките, нафтениот сектор и преку царини, рече Трамп во интервју.

Тој наведе дека неговата администрација веќе презела одредени чекори, вклучително и воведување царини кон Индија поради тоа што купува руска енергија, но додаде дека очекува поголем ангажман од европските земји, бидејќи, како што истакна, „ова повеќе е проблем на Европа отколку на САД“.

Подготвено од М.Д.

About Author