16.09.2025 Скопје
Подготвен сум да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите, рече американскиот лидер.
Европските санкции кон Русија не се доволно строги, бидејќи ЕУ продолжува да купува енергетски ресурси од Москва, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
Не сакам тие да купуваат нафта, а санкциите што ги воведуваат не се доволно строги. Подготвен сум да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите санкции пропорционално на она што го правам јас – рече Трамп.
Тој, исто така, изрази мислење дека рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на киевскиот режим Владимир Зеленски „се мразат“ до степен до кој тоа не им дозволува да „разговараат“. Тој верува дека самиот би морал да води дијалог меѓу нив, во случај на трилатерален состанок.
Таква средба, според него, би можела да се одржи „релативно наскоро“.
Трамп вчера изјави дека е подготвен да воведе сериозни санкции кон Русија ако сите земји од НАТО престанат да купуваат руска нафта.
Путин претходно го покани Зеленски да дојде во Москва на преговори, но постојано нагласуваше дека ваквите средби немаат многу смисла, бидејќи Зеленски не е легитимен претседател на земјата од мај минатата година, кога му истече мандатот.
Шефот на киевскиот режим ја отфрли оваа понуда, иако често тврди дека е подготвен за разговори „во кој било формат“.
Подготвено од М.Д.