0__slvAnG-wwcL9qmF

23.09.2025 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп со својот говор денеска ќе ја отвори 80-тата сесија на годишната Генерална дебата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

На првиот ден од дебатата ќе говорат и бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон.

Дебатата треба да започне во 9 часот по локално време (13 часот по Гринич), пренесува германската агенција.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателката на Генералното собрание, Аналена Баербок, исто така, се планирани да зборуваат денеска.

За денеска е закажана и седница на Советот за безбедност на ОН на која ќе се дебатира за војната во Украина, на која се очекува да присуствува украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во текот на следната една недела на Генералното собрание на ОН е планирано да говорат околу 150 шефови на држави и влади, а фокусот на дебатат годинава е на конфликтот на Блискиот Исток, војната во Украина и несигурните финансии на ОН, заедно со променливата геополитичка улога на САД.

Подготвено од М.Д.

About Author