13304172

01.09.2025 Скопје

Кинескиот претседател Си Џинпинг ги поздрави учесниците на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), што се одржува во кинескиот град Тјенџин – пренесоа кинеските медиуми.

Тој изјави дека Шангајската организација за соработка презема сè поголема одговорност за зачувување на регионалниот мир и стабилност, како и за поттикнување на развојот на бројни, различни земји во свет на сè поголема неизвесност и забрзани промени.

Си го кажа ова на приемот организиран за пречек на учесниците од целиот свет кои дојдоа во Тјенџин за да присуствуваат на Самитот на Шангајската организација за соработка.

Си изрази уверување дека со заеднички напори на сите страни самитот ќе биде целосен успех и оти Шангајската организација за соработка сигурно ќе одигра уште поголема улога и ќе постигне поголем напредок.

Претседателот на Кина рече дека самитот дава значаен придонес за зајакнување на единството и соработката меѓу земјите-членки, за собирање на силите на Глобалниот Југ и за поттикнување на понатамошниот напредок на човечката цивилизација.

Подготвено од М.Д.

About Author