vojska-srbije-vs-rs

18.09.2025 Скопје

Началникот на генералштабот на српските вооружени сили, Милан Мојсиловиќ, неодамна потврди дека српските вооружени сили работат на подготовки за задолжителна воена служба и дека таа ќе трае 75 дена.

„Започнавме со набавка на одредени материјални средства како што се униформи, оружје, пресметки, трошоци, муниција за таа активност“, рече началникот, додавајќи дека само се чека на донесување закон што и формално ќе го потврди сето ова.

Засега, законската постапка, вклучително и усвојувањето на законот и решавањето на прашањето за приговор на совеста, не е завршена. Доколку се воведе задолжителна служба, се предвидува оние со приговор на совеста да се одлучат за цивилна служба без оружје.

Задолжителната воена служба ќе се однесува на мажите.
Доброволната служба сепак ќе остане опција за жените.

Исто така, се планира да се воведат специфични форми на служба за млади луѓе со техничко и технолошко знаење, кои би можеле да служат во единици кои бараат такви вештини (на пр., пилотирање беспилотни летала – дронови).

Подготвено од М.Д.

About Author