26.09.2025 Скопје
САД ќе воведат санкции врз српската нафтена индустрија од 1 октомври. Тие ги одложија санкциите против НИС за само уште четири дена.
Српскиот претседател Александар Вучиќ го изјави ова за време на неговата посета на Њујорк за сесијата на Генералното собрание на ОН.
„Да видиме, можеби ќе се случи чудо до 1 октомври, но секако очекуваме тешко време и зима“, рече Вучиќ. Тој нагласи дека ситуацијата е непријатна и комплицирана, но дека ќе се направи обид да се најде решение. „Ние сме индиректна штета во односите меѓу Москва и Вашингтон“, рече српскиот претседател.
„Ќе платиме висока цена затоа што Русите се мнозински сопственик на НИС. Значи, да бидеме апсолутно јасни и да им го ставиме на знаење на сите наши граѓани – бевме исклучително коректни кон нашите руски и американски партнери. Ќе се обидеме да бидеме коректни, но луѓето треба да знаат дека ќе платиме исклучително висока цена“, рече српскиот претседател.
Тој посочи дека Србија предложила десетици решенија, но ниту едно не било прифатливо за ниту една страна.
Подготвено од М.Д.