04.09.2025 Скопје
Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека е подготвен да оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
“Подготвен сум да се сретнам со него,” изјави Путин.
Меѓутоа, тој се запраша: “Но, дали има смисла да се сретнам?” Притоа, Путин постави и предуслов за евентуалната средба со шефот на украинската држава.
“Нека Зеленски дојде во Москва и ќе има средба,” нагласи Путин. “Ако состанокот биде добро подготвен, јас сум подготвен за него,” додаде тој.
Подготвено од М.Д.