Oscar-Piastri-3

01.09.2025 Скопје

Австралиецот Оскар Пјастри во болидот на Мекларен победи на Големата награда на Холандија која се одржа на патеката во Зандворт.

Ова беше седма победа на Пјастри оваа сезона и деветта во неговата кариера.

Тимскиот колега на Пјастри и конкурент за титулата, Ландо Норис, се откажа во 65-от круг поради технички проблеми.

Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул беше втор, додека Французинот Исак Хаџар во Рејсинг Булс-Хонда го освои третото место, обезбедувајќи го својот прв подиум во кариерата.

На девет трки до крајот, Пјастри ја зголеми својата предност во генералниот пласман и сега води со 309 поени, 34 повеќе од Норис, додека Верстапен е трет со 205 бодови.

Мекларен води во пласманот на конструктори со 584 бодови, пред Ферари (260) и Мерцедес (248).

Трката во Зандворт беше 15 оваа сезона во Формула 1, а следната на програмата е идниот викенд за Големата награда на Италија во Монца.

Подготвено од М.Д.

About Author