25.09.2025 Скопје
Младите во ЕУ домот на своите родители го напуштаат на просечна возраст од 26,2 години. Генерално младите од северот порано го напуштаат домот на родителите, споредено со младите од појужните држави. Најдолго во домот на родителите остануваат младите во Црна Гора, во просек до својата 33,3 година, а најрано го напуштаат младите во Финска во просек на 21,4 години. Македонците во просек остануваат да живеат со своите родители до својата 32,1 година.
Во 2024 година младите на ниво на ЕУ во просек го напуштиле домот на своите родители на 26,2 години, што е благо намалување во споредба со 26,3 години во претходната 2023, покажуваат најновите податоци на Евростат објавени во септември годинава.
Најдолго во просек во домот на родителите остануваат младите во Хрватка – до 31,1 години, потоа следат Словачка(30,9), Грција (30,7), Италија (30,1) и Шпанија (30,0). Спротивно на тоа, најрано го напуштаат домот на родителите младите во Финска, во просек на 21,4 години, по што следат Данска (21,7) и Шведска (21,9).
Податоците на Евростат покажуваат дека од 2002 година, оваа просечна возраст благо флуктуира помеѓу најниска од 26,1 година во 2019 година и највисока од 26,8 години во 2006 година.
Последните достапни податоци за РС Македонија се од 2023 година, кога според анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат, младите во РС Македонија (32,1) и во Црна Гора (33,3) најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители.
Подготвено од М.Д.