23.09.2025 Скопје
Се очекува италијанската премиерка Џорџа Мелони да се приклучи во процесот на приближување на ставовите меѓу РС Македонија и Бугарија.
Дипломатските извори на медиумот изразиле оптимизам дека директното вклучување на Мелони ќе даде позитивен импулс на приближувањето на ставовите меѓу Скопје и Софија, со цел да се најде заедничка основа и да се надмине проблемот што го блокира почетокот на преговорите за членство на РС Македонија во Европската Унија.
Мелони е идеална фигура за приближување на позициите на РС Македонија и на Бугарија. Таа е моќна фигура во ЕУ, но и еден од главните американски сојузници во Европа во моментов – изјавија изворите на медиумот, објаснувајќи каде го темелат својот оптимизам за надминување на разликите меѓу РС Македонија и Софија во случај на вклучување на италијанскиста премиерка.
Тие додале дека не станува збор за класично посредништво меѓу двете страни, туку за вклучување со цел да се унапредат спорните прашања.
Оваа информација индиректно до одреден степен ја потврди и премиерот Христијан Мицкоски во петокот на брифинг со новинарите.
Очекувам позитивен развој на настаните со Бугарија на почетокот на следната година. Разговаравме и со премиерот на една од трите најголеми земји од ЕУ – рече Мицкоски, кој не спомена за која земја станува збор.
Тој рече дека очекува придвижување, акција „од друг центарна моќ“.
Подготвено од М.Д.