UN_General_Assembly-1

10.09.2025 Скопје

Советот за безбедност на ОН денеска треба да свика итен состанок за да разговара за нападот на Израел врз раководството на палестинската организација Хамас во Катар.

Седницата е побарана од Алжир и други земји-членки, наведуваат извори на агенцијата.

Хамас соопшти дека шест лица се убиени во вчерашниот ненадеен напад во Доха, вклучувајќи го и синот на Калил ал-Хаја, највлијателната фигура на исламистичкото движење во странство, и негов шеф на кабинет.

Катар го осуди нападот како „очигледно кршење на сите меѓународни закони и норми“ и „сериозна закана за безбедноста“ на неговото население.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нападот е одговор на смртоносниот напад на Хамас во Ерусалим во понеделникот, во која две вооружени лица на Хамас убија шест лица, и поради уште еден напад врз војници во Газа.

Катар, заедно со Египет и САД, посредува во војната во Газа меѓу Израел и Хамас, иако преговорите за прекин на огнот се во застој со месеци.

Арапските држави го осудија нападот. Американскиот претседател Доналд Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц беа исто така меѓу светските лидери кои изразија критики.

Подготвено од М.Д.

About Author