04.09.2025 Скопје
Палестинската формација Хамас ретерираше дека е подготвена за комплетен договор за Газа, во чии рамки сите израелски заробеници би биле пуштени на слобода во замена за договорен број палестински затвореници.
Оваа објава дојде веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп апелираше до групата да ги ослободи сите 20 заробеници.
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги осуди позициите на Хамас.
„За жал, ова е уште една манипулација од страна на ‘Хамас’, без ништо ново во неа“, се наведува во официјалното соопштение.
Во истото се потенцира дека војната во Газа ќе заврши само доколку бидат ослободени сите заробеници, Хамас биде разоружан, Појасот Газа демилитаризиран, Израел воспостави безбедносна контрола врз енклавата и биде формирано алтернативно цивилно управување.
Подготвено од М.Д.