Trout-Provencal

02.09.2025 Скопје

Лани 8,5 проценти од населението на Европската Унија(ЕУ) не можело да си дозволи оброк што содржи месо, риба или вегетаријанска алтернатива секој втор ден.

Ова претставува намалување од еден процентен поен во споредба со 2023 година, кога тој удел изнесуваше 9,5 проценти, објави Европскиот завод за статистика (Евростат).

Уделот беше значително поголем кај луѓето кои се изложени на ризик од сиромаштија  дури 19,4 проценти, во споредба со 6,4 проценти кај оние кои не се изложени на ризик.

На национално ниво, највисок процент на луѓе изложени на ризик од сиромаштија кои не можат да си дозволат соодветен оброк е забележан во Словачка (39,8 проценти), по што следат Бугарија (37,7 проценти) и Унгарија (37,3 проценти). Од друга страна, најниски удели се забележани во Кипар (3,5 проценти), Ирска и Португалија (двете земји по 5,1 процент).

Подготвено од М.Д.

About Author