a4d3c19ffe7cb32cc6ea79f9d0d45761

23.09.2025 Скопје

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, ја освои „Златната топка“ за 2025 година.

Дембеле стана шестиот Французин во историјата што ја добил престижната награда.

Претходни освојувачи на „Златната топка“ од Франција се Рејмон Копа (1958), Мишел Платини (1983, 1984, 1985), Жан-Пјер Папен (1991), Зинедин Зидан (1998) и Карим Бензема (2022).

Франција сега е лидер во светот по број на освојувачи на „Златната топка“. Претходно, тие имаа ист број лауреати со Германија и Италија, секоја држава по пет.

Подготвено од М.Д.

About Author